ДИСЦИПЛИНСКАТА КОМИСИЈА БАРА РАЗРЕШУВАЊЕ НА МУСТАФА ХАЈРУЛАХИ Обвинителот направил „крупни професионални грешки“

По одлуката за суспензија, Мустафа Хајрулахи изјави дека кривичната пријава против него има цел да го отстрани и заќути, како и да ги заплаши другите колеги кои постапуваат според законот, со цел да се донесат нарачани одлуки.

ДИСЦИПЛИНСКАТА КОМИСИЈА БАРА РАЗРЕШУВАЊЕ НА МУСТАФА ХАЈРУЛАХИ Обвинителот направил „крупни професионални грешки“

Комисијата за утврдување дисциплинска одговорност на јавни обвинители при Јавното обвинителство, по спроведување на две дисциплински постапки и детална анализа на фактите, ги прифати предлозите од државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски.

Таа констатира дека вишиот јавен обвинител Мустафа Хајрулахи и уште еден обвинител од Вишото јавно обвинителство Скопје направиле тешки дисциплински повреди според член 91, алинеја 6 од Законот за јавно обвинителство, односно намерно и неоправдано сториле крупни професионални грешки.

Според утврдените факти, обвинителот од Вишото јавно обвинителство Скопје, против кого беше поведена една дисциплинска постапка, нестручно и несовесно постапил во четири предмети, откажувајќи се од жалба или обвинение. За ова му е изречена дисциплинска мерка – намалување на плата за 30% во период од 6 месеци.

Во однос на вишиот јавен обвинител Хајрулахи, против него беа поведени две одвоени дисциплински постапки. Во едната е утврдено дека постапувал неправилно при заведување на предметите во Вишото јавно обвинителство Скопје, а во другата, дека донел нестручни одлуки во три предмети, со негова согласност. Поради овие тешки дисциплински повреди, Комисијата донесе одлука да предложи негово разрешување пред Советот на јавните обвинители.

Единствено поради наводите за нарушување на угледот на Јавното обвинителство, Комисијата одлучи дека предлогот е застарен.

Републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски во декември минатата година достави предлог за дисциплинска постапка против Хајрулахи и уште еден јавен обвинител поради нестручно и несовесно работење во четири предмети каде се откажале од жалба или обвинение.

По одлуката за суспензија, Мустафа Хајрулахи изјави дека кривичната пријава против него има цел да го отстрани и заќути, како и да ги заплаши другите колеги кои постапуваат според законот, со цел да се донесат нарачани одлуки.

CATEGORIES
Share This