ДИМИТРИЕВСКИ УШТЕ ЕДНАШ ИЗВИСИ Онана потпиша за Трабзонспор

ДИМИТРИЕВСКИ УШТЕ ЕДНАШ ИЗВИСИ Онана потпиша за Трабзонспор

Трабзонспор и Манчестер јунајтед наводно постигнаа договор за позајмица на голманот Андре Онана. Според последните информации, двата клуба ги завршија преговорите за почетен договор за позајмица, а конечната одлука сега зависи од камерунскиот интернационалец. Онана, кој се приклучи на Јунајтед од Интер во 2023 година, поминува низ предизвик во својата кариера на „Олд Трафорд”.

Трабзонспор активно работи на обезбедување на неговите услуги, а наредните денови ќе бидат клучни за определување на неговата иднина. Иако претходно се споменуваше македонскиот голман Столе Димитриевски како потенцијална опција за клубот, последните информации укажуваат дека Онана има предност во оваа ситуација. Со тоа, Димитриевски останува без шанси за трансфер во Трабзонспор.

CATEGORIES
Share This