ДИМИТРИЕВСКИ ОТКРИ – Програмата и граѓаните ми се најважни

Партијата е отворена за сите – освен за оние што прашуваат премногу

ДИМИТРИЕВСКИ ОТКРИ – Програмата и граѓаните ми се најважни
Фото: Принтскрин

Претсдеателот на ЗНАМ Максим Димитриевски, осврнувајќи се на различните ставови на пратеникот од неговата партија Миле Цеков, нагласи дека партијата е отворена за внатрепартиска дебата и различни мислења, но со јасна граница и почитување на програмата и довербата на гласачите.

Тој потенцираше дека ЗНАМ се гради како демократска и инклузивна партија, која ги развива своите капацитети преку дијалог, но истовремено бара одговорност од секој избран функционер.

„Не направив партија за да исклучуваме членови, туку да привлекуваме и да го градиме демократскиот капацитет. Дебати може да има, сè додека не се злоупотреби довербата на граѓаните“, истакна Димитриевски.

Тој додаде дека мандатот на пратениците пред сè произлегува од граѓаните, а потоа и од политичката партија, па секое отстапување од програмските определби треба јавно да се објасни.

„Не можете никого да држите со сила. Кој сака може да си оди“, порача лидерот на ЗНАМ.

Тој нагласува дека политичката одговорност е лична, а довербата на гласачите клучна.

На крај, тој подвлече дека Движењето ЗНАМ останува доследно на своите принципи и демократски вредности, со намера да продолжи со отворена политика, но без компромис кога станува збор за довербата на граѓаните и основните програмски цели.

CATEGORIES
Share This