ДЕНВОВИ НА ЛИТЕРАТУРА 2026 – Попусти до 70% и подароци за сите љубители на книги
Работилници, промоции и дружби со детските маскоти Исидора Мун, Биби и Боби, Стела и Сани

Од 5 до 22 февруари, во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на www.literatura.mk, ќе се одржи традиционалната продажна акција „Денови на литературата“. Во рамките на акцијата, посетителите ќе можат да уживаат во попусти на книги до 70%, грепки со подароци – секоја грепка е добитна при купување книги над 1.500 денари и повеќе од 30 настани – промоции на нови наслови, работилници за деца и дружби со маскотите Исидора Мун, Биби и Боби, Стела и Сани.
Локации се Скопје – Дајмонд мол, Скопје сити мол, Ист гејт мол, ул. „Македонија“. Други градови: ТЦ „Буњаковец“ во Тетово, Струмица и онлајн: www.literatura.mk
Попусти по издавачки куќи изнесуваат во„Арс Ламина“ – до 70% на фикција, нефикција и книги за деца, „Чудна шума“ – до 40%, „Бата прес“ – селектирани наслови до 40 „Сказнувалка“, „Прозарт“, „Муза“ – сите изданија со 30% попуст, „Три“ и „Или-Или“ – селектирани наслови со 30% попуст, „Академска книга“, „Бегемот“, „Нампрес“, „Полица“, „Слово“ – сите изданија со 20% попуст и „Мартина“, „Сакам книги“, „Светот на Биби“, „Култура“ – дел од понудата со 20% попуст
Дополнително секој ден онлајн ќе има специјален еднодневен попуст на книги. Сите настани се бесплатни, но учеството на работилниците и театарските претстави бара претходна пријава.

