ДЕНСКА СЕ СЛАВИ СВЕТИ НИКОЛА Најчестата слава во Македонија

Православните христијани денеска, на 19 декември, го празнуваат Свети Николај Чудотворец – најчестата домашна слава во македонските домови. Речиси секое второ семејство во земјава го чествува овој светец како заштитник на домот, семејството и сиромашните.
Според православната традиција, храната за празникот се подготвува ден однапред, а трпезата задолжително е посна. Вечерта меѓу 18 и 19 декември се приредува посна вечера, позната како „заслуг“, со која се дочекува празникот. На трпезата најчесто има риба, посна пченица, грав и посни сарми.
На денот на славата, домаќините кршат славски колач, ги послужуваат гостите со варена пченица и ја споделуваат радоста на празникот со најблиските. Според народното верување, на овој ден треба да се даруваат и најмладите, бидејќи токму од дарежливоста на Свети Никола потекнува приказната за Дедо Мраз.
Свети Никола се смета за еден од најпочитуваните светци во христијанството, а именден денеска слават Никола, Коле, Николај, Ники, Николина и сите кои го носат ова име. Во народното верување, светецот е чувар на домот и заштитник на сиромашните и немоќните.
Во православната вера, славата претставува молитвено прославување на светителот-заштитник на семејството. На овој ден, семејството заедно со гостите го велича светецот, со молитва, почит и заедништво, верувајќи дека тој ќе донесе здравје, мир и благосостојба во домот.


