ДЕНЕСКА БЕЗ СТРУЈА Делови од Петровец, Сопиште и Студеничани
ЕВН Македонија најави плански прекини во снабдувањето со електрична енергија поради зафати на електродистрибутивната мрежа.

Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска ќе има планирани прекини во снабдувањето со електрична енергија во делови од општините Петровец, Сопиште и Студеничани.
Во периодот од 08:15 до 15:15 часот, без електрична енергија ќе бидат корисниците во селата Огњанци, Чифлик, Петровец (дел од селото), Фазанерија, Јасен, Катланово, Стари Лозја, Катлановско Блаце, Бадар и Кожле, како и Фазанерија пумпа, ЗИК „Фазанерија“, Фазанерија Тотинци, пумпата за водовод во Кожле и тунелот Катланово.
Во периодот од 08:30 до 15:30 часот, прекин на електричната енергија ќе имаат корисниците во селото Држилово, викенд-населбата Држилово, како и во селата Јаболци и Патишка Река.
Исто така, од 08:15 до 15:15 часот, без струја ќе останат и корисниците во селата Црн Врв и Елово.
Од ЕВН апелираат граѓаните навреме да ги планираат своите активности и информираат дека прекините се поради планирани работи на електродистрибутивната мрежа.


