ДЕНЕС ЗАПОЧНУВА 17. ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО ВО РАКОМЕТ Домаќини се Данска, Норвешка и Шведска

Македонската репрезентација ќе го има своето деветто учество на ЕП, а првиот натпревар ќе го одигра утревечер од 20:30 часот против кодомаќинот Данска.

ДЕНЕС ЗАПОЧНУВА 17. ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО ВО РАКОМЕТ Домаќини се Данска, Норвешка и Шведска

Со натпреварите Франција – Чешка и Шпанија – Србија вечер од 18 часот стартува 17. Европско првенство во ракомет за мажи – ЕХФ Евро 2026, кое ќе трае до 1 февруари. Домаќини се Данска, Норвешка и Шведска, а финалето ќе се игра во Хернинг.

На турнирот учествуваат 24 репрезентации поделени во шест групи. Титулата ја брани Франција, актуелен европски шампион. Првенството има и квалификациско значење за Светското првенство 2027.

Македонската репрезентација ќе го има своето деветто учество на ЕП, а првиот натпревар ќе го одигра утревечер од 20:30 часот против кодомаќинот Данска. Во групата Б се и Португалија и Романија, а сите натпревари ќе се играат во Хернинг.

CATEGORIES
Share This