ДЕНЕС ВО КИЧЕВО – Извидници од целата земја на едно место

Настанот ќе ги собере извидниците од повеќе градови за заедничко одбележување на значајниот ден.

ДЕНЕС ВО КИЧЕВО –  Извидници од целата земја на едно место
Фото: Принтскрин

Сојузот на извидници на Македонија денеска во Кичево организира централна прослава по повод Денот на извидниците. Настанот ќе собере извидници од различни градови низ земјата, кои заедно ќе го одбележат овој значаен ден.

Во рамки на програмата предвидено е свечено давање на извидничкиот завет, со кој младите членови официјално ќе ја потврдат својата посветеност кон вредностите на извидништвото и другарство, солидарност и служба на заедницата. Освен тоа, организаторите најавуваат и културно-забавна програма со музички и рецитаторски настапи, како и активности во духот на извидништвото.

Од СИМ истакнуваат дека целта на прославата е зајакнување на заедништвото меѓу извидниците и промоција на позитивните вредности кај младите. Настанот е отворен за јавноста, а сите граѓани се поканети да присуствуваат и да ја поддржат работата на извидниците.

CATEGORIES
Share This