ДЕН СО ДВЕ ЛИЦА – Мирно време или засилен ветер, што ќе ве пречека надвор

Сончеви периоди ќе се менуваат со облачност, но вистинското изненадување доаѓа од север

ДЕН СО ДВЕ ЛИЦА – Мирно време или засилен ветер, што ќе ве пречека надвор
Фото: Национал

Времето денеска (29.03) ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец и температура во интервал од -1 до 17 степени – информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија.

Во Скопје и околината променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.
T=16°C. P=974hPa. U=40%. V=6m/s

CATEGORIES
Share This