ДЕМИРИ ГО НАПУШТИ ЕВРОПСКИОТ ФРОНТ – Нож во грб за коалицијата
Претходно министер за здравство, сега независен и надвор од коалицијата.

Фото: Принтскрин
Пратеникот Илир Демири ја напушти групата „Европски фронт“ и ќе настапува како независен пратеник. За својата одлука вечерва го информирал претседателот на Собранието, Африм Гаши, што беше потврдено од официјални извори во Собранието.
Демири претходно ја извршуваше функцијата министер за здравство во минатиот владин состав.
Од Вреди веќе обелоденија дека во периодото што следи очекуваат коалицијата на ДУИ да ја напуштат и други пратеници од опозицијата.
CATEGORIES Македонија

