ДЕЦАТА НА ДР КОНГО Жртви на насилството и масовото раселување

ДЕЦАТА НА ДР КОНГО Жртви на насилството и масовото раселување

Од 1 декември, интензивните борби во провинцијата Јужен Киву принудиле повеќе од 500,000 луѓе, вклучувајќи над 100,000 деца, да побегнат во други локации или да ја преминат границата во Бурундија и Руанда, известува меѓународната организација UNICEF. Со ширењето на насилството, се очекува раселувањето да се зголеми уште повеќе, а UNICEF изрази загриженост за безбедноста и благосостојбата на овие деца.

Меѓу ризиците со кои се соочуваат овие деца се разделба од семејствата, изложеност на насилство, експлоатација, родово базирано и сексуално насилство, како и психосоцијално страдање. Според податоците на UNICEF, само помеѓу 6 и 11 декември, повеќе од 50,000 конголези биле идентификувани како пристигнати во Бурундија, од кои речиси половина се малолетници – бројка која се очекува да се зголеми во наредните денови.

Многу од овие бегалци имаат повреди, а меѓу нив има и деца без придружба или деца разделени од своите семејства. Поради тоа, UNICEF работи со властите на ДР Конго и Бурундија за мобилизација на итен хуманитарен одговор. Агенцијата апелира до сите страни да ги заштитат децата и да ги почитуваат своите обврски според меѓународното хуманитарно право и Конвенцијата за правата на детето, нагласувајќи дека децата никогаш не треба да бидат жртви на конфликт.

CATEGORIES
Share This