ДАВОС БЕЗ ДАНСКА – Кризата околу Гренланд се влошува

Данската влада одлучи да се повлече од форумот додека тензиите меѓу САД и Европа растат

ДАВОС БЕЗ ДАНСКА – Кризата околу Гренланд се влошува
Фото: Принтскрин

Данските претставници нема да присуствуваат на овогодинешниот Светски економски форум во Давос, соопшти денеска Блумберг, повикувајќи се на организаторите на форумот.

Одлуката следи по ескалацијата на спорот околу Гренланд, која започна за време на викендот кога американскиот претседател Доналд Трамп се закани со воведување царини за стоки од осум европски членки на НАТО.

Ова, пак, ја поттикна Европската унија да разгледа можност за воведување царини на американски стоки во вредност од 93 милијарди евра.

CATEGORIES
Share This