ДАЛИ БИЛ ТРЕЗЕН Кремљ жестоко му одговори на германскиот министер по изјавата за Русија

Вадефул порача дека мирот во Европа е можен само против Русија, а не со неа – Песков и Ушаков со остри реакции.

ДАЛИ БИЛ ТРЕЗЕН Кремљ жестоко му одговори на германскиот министер по изјавата за Русија
Фото: Принтскрин

Изјавата на германскиот министер за надворешни работи, Јохан Вадефул, дека Европа може да има мир и стабилност само против Русија, а не во соработка со неа, предизвика жестоки реакции во Москва. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ја оцени изјавата како показател за „длабоко незнаење“ и изрази надеж дека зборовите на германскиот министер биле извадени од контекст.

„Се надевам дека ова е некако извадено од контекст и погрешно претставено. Бидејќи ако е навистина вистина, тогаш сведочи за длабокото незнаење на лицето кое ги кажало тие зборови“, изјави Песков.

Реакција пристигна и од помошникот на рускиот претседател, Јуриј Ушаков, кој не ја криеше зачуденоста од ваквиот став на шефот на германската дипломатија. Ушаков иронично се запраша дали изјавата на Вадефул била дадена во трезна состојба.

„Може да се постави прашањето дали е кажано во трезна состојба. Не знам. Слушањето такви изјави од министер за надворешни работи е, благо речено, необично“, изјави Ушаков за руските медиуми.

Германскиот министер претходно изјави дека мирот и стабилноста во Европа се можни само со спротивставување на Русија, а не преку соработка со Москва. Тој својот став го опиша како „трезвена анализа“, што дополнително ги засили реакциите од руските официјални претставници.

Размената на остри пораки уште еднаш ги покажува длабоките несогласувања меѓу Москва и Берлин околу идната безбедносна архитектура на Европа и односите со Русија.

CATEGORIES
Share This