„ДА ТИ КУПА МЕКА МАХМУДИЈА“ – Ангела Здравковска со нова песна по четиригодишна пауза
Пејачката Ангела Здравковска го продолжува своето музичко враќање со објавување на втората песна од проектот посветен на традиционалната музика од нејзиниот роден Малешевски крај.
Пејачката Ангела Здравковска го продолжува своето музичко враќање со објавување на втората песна од проектот посветен на традиционалната музика од нејзиниот роден Малешевски крај.
Точно напладне, на Денот на Берово, таа ја претстави својата нова џез-обработка на изворната песна „Да ти купа мека махмудија“.
Проектот има посебна емотивна тежина за Здравковска, бидејќи го означува нејзиниот триумфален камбек на сцената по четиригодишната борба со сериозен здравствен проблем.
CATEGORIES Сцена


