ЦРВЕНИ ЛИНИИ ИЛИ ПОНИЖУВАЊЕ Мицкоски и Филипче повторно во судир за спорот со Бугарија

Иако кампањата официјално не е започната, власта и опозицијата веќе водат предизборна офанзива со средби со граѓани и отворање на проекти.

ЦРВЕНИ ЛИНИИ ИЛИ ПОНИЖУВАЊЕ Мицкоски и Филипче повторно во судир за спорот со Бугарија
Фото: Принтскрин

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ повторно разменуваат остри обвинувања околу државната позиција во однос на спорот со Бугарија.

Премиерот Христијан Мицкоски од Кавадарци порача дека „Македонија најмногу била понижена токму во време на СДСМ и ДУИ“, додавајќи дека декларација со црвени линии, на која се повикува опозицискиот лидер Венко Филипче, веќе била донесена.

Филипче возврати дека „владата на ВМРО-ДПМНЕ ја турка државата во мрак, партизација и злоупотреби“, нагласувајќи дека е време земјата да се врати на темелите на АСНОМ.

„Не ветувам лесен пат, туку борба со гордост и надеж за иднината,“ изјави Филипче, обвинувајќи дека младите се чувствуваат како да им се одзема иднината.

И двајцата лидери изминативе денови се активни на терен – вчера во Крива Паланка, па Кавадарци и Струмица… Иако кампањата официјално не е започната, власта и опозицијата веќе водат предизборна офанзива со средби со граѓани и отворање на проекти.

CATEGORIES
Share This