ЧЕТИРИ ГРУПИ ЌЕ БИДАТ ОЗНАЧЕНИ ЗА „ГЛОБАЛНИ ТЕРОРИСТИ“ – САД ги обвинува дека се дел од „насилна антифа“
Стејт департментот наведува дека групите се водени од анархистички и марксистички идеологии и се поврзуваат со напади и бомбашки акции во Европа.

САД прогласија четири групи од Германија, Италија и Грција за „специјално означени глобални терористи“, обвинувајќи ги дека се дел од „насилна антифа“. Државниот секретар Марко Рубио најави дека од 20 ноември планира да ги означи и како странски терористички организации.
Стејт департментот наведува дека групите се водени од анархистички и марксистички идеологии и се поврзуваат со напади и бомбашки акции во Европа.
Антифа Ост од Германија е обвинета за напади во Германија и Унгарија; FAI/FRI презела одговорност за закани и писма-бомби; Револуционерна класна самоодбрана и Вооружена пролетерска правда за бомбашки напади во Грција.
Трамп и републиканците долго ја обвинуваат Антифа за политичко насилство, иако експерти тврдат дека е правно спорно да се третира Антифа како организација бидејќи нема формална структура.


