ЧЕРВАР АЛАРМИРА – Шоу на теренот или хаос во правилата
Само еден тренер јавно зборуваше за условите и грижа кон играчите

Европа наскоро ќе добие нов шампион во ракомет. Финалето, кое ќе се одигра утре во „Јиске Банк Боксен“ Арената, ќе го одбележат дуелот меѓу Данска и Германија. Јануари беше особено исцрпувачки за тимовите што успеаја да стигнат до самиот крај, а ракометарите и покрај уморот покажаа голема посветеност.
Сепак, само еден тренер, Сигурдсон, јавно изрази критики кон ЕХФ за условите и недостатокот на грижа кон главните актери на теренот. На оваа тема за „Индекс.хр“ зборуваше и поранешниот македонски и хрватски селектор, Лино Червар.
„Искрено, луѓето се плашат да кажат што мислат, поради можни последици. Нашата најголема слабост се правилата кои никој не ги разбира. На еден натпревар видовме дополнително ‘шоу’, каде еден играч мораше на англиски да објаснува дали го фатил противникот за врат или не.
Не се анализира дали имало пробивање или не. Правилата мора да се менуваат и со вакви правила не може да се настапува на Олимписки игри. Никој точно не знае што се смета за пробивање, а што не. Тоа се стручни детали кои се многу важни. Едно пишува во правилата, а на терен се толкува сосема поинаку.
„Што се однесува до условите за играчите, сите треба да ги имаат своите права. Логистиката мора да ги обезбеди соодветните услови, додека играчите се фокусирани на игра и тренинг. Грижата за нив не е нивна одговорност и други луѓе треба да го завршат својот дел“, истакна Червар.

