ЦЕНТАР, КАРПОШ И АЕРОДРОМ Најатрактивни за закуп во третиот квартал

Најмногу закупи имало во јули (826), најмалку во август (614). Вкупно 8.319 трансакции (купопродажби и закупи), со раст од 584 споредбено со вториот квартал.

ЦЕНТАР, КАРПОШ И АЕРОДРОМ Најатрактивни за закуп во третиот квартал
Фото: Национал

Во третиот квартал годинава се регистрирани 2.184 закупи на недвижности. Најмногу се закупиле станови и деловни простори, а најатрактивни општини се Центар, Карпош и Аеродром.

Најголеми просечни цени на станови се постигнати во  Карпош 357 ден/м², Центар 355 ден/м², Аеродром 327 ден/м². Или вкупно закупени се 2,57 милиони м² недвижности со месечна закупнина од 61 милион денари. Најмногу е закупено земјоделско земјиште, додека најголема цена на месечна закупнина имаат достигнато деловните простори.

Најмногу закупи имало во јули (826), најмалку во август (614). Вкупно 8.319 трансакции (купопродажби и закупи), со раст од 584 споредбено со вториот квартал.

CATEGORIES
TAGS
Share This