ЦЕНИТЕ ПОД ЛУПА – Ќе се проверува дали трговците ги поскапија незаконски цените

Министерството ќе ги спореди цените од крајот на декември и почетокот на јануари

ЦЕНИТЕ ПОД ЛУПА – Ќе се проверува дали трговците ги поскапија незаконски цените
Фото: Национал

Министерството за економија и труд идната недела ќе ги анализира цените на производите од крајот на декември и почетокот на јануари. Целта е да се утврди дали има поскапување или девијантно однесување од страна на трговците.

Идната недела ќе ги разгледаме податоците и ќе известиме дали има зголемување на цените или девијантно однесување од трговците. Потоа ќе информираме како ќе постапиме“, изјави министерот Бесар Дурмиши.

На прес-конференција по повод стартот на примената на Законот за работно ангажирање на лица, министерот посочи дека со законот се очекува намалување на невработеноста. Пензионерите, студентите и корисниците на социјална помош ќе можат да се вработат до шест месеци во текот на годината.

Прашан за можен „прочистување“ на списокот на невработени кои земаат социјална помош, Дурмиши истакна дека со законот тие нема да ги губат своите права, но ќе имаат можност да работат во земјоделството, рибарството, шумарството и угостителството.

Според анализите на Министерството, со законот се очекува формализација на околу 12 000 сезонски работници во земјоделството и околу 5 400 непријавени работници во туризмот, угостителството и услугите.

CATEGORIES
Share This