ЦЕНИТЕ НА БЕНЗИНОТ ОД ПОЛНОЌ ПАЃААТ – Дизелот останува ист
Од 31 март бензините ќе бидат до 3 денари поевтини по литар, маслото за домаќинство скапи за 0,50 ден/литар, а мазутот поевтин а РКЕ ја намали и таксата за работење преку склад.

Фото: Национал
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) соопшти дека од 31.3.2026 година од 00:01 часот цените на горивата ќе се менуваат:
- Бензин ЕУРОСУПЕР БС-95: 84,00 ден/литар (поевтин за 2,50 ден/литар)
- Бензин ЕУРОСУПЕР БС-98: 85,50 ден/литар (поевтин за 3,00 ден/литар)
- Дизел ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V): 95,50 ден/литар (не се менува)
- Масло за горење Екстра лесно (ЕЛ-1): 92,50 ден/литар (скапување за 0,50 ден/литар)
- Мазут М-1 НС: 50,410 ден/кг (намалување за 0,663 ден/кг)
РКЕ појаснува дека овие се максимални цени, а трговците можат да понудат пониски цени.
Дополнително, одлуката предвидува намалување на трошокот за работење преку склад од 1,70 на 1,20 ден/литар, со што просечното намалување на малопродажните цени е 1,41% во однос на 23.3.2026 година.
На светските берзи цените на бензините се намалиле за 3,758%, дизелот пораснал за 1,604%Екстра лесното масло пораснало за 2,151% и мазутот се намалил за 1,055%.
Курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,5414% во споредба со претходната пресметка.
CATEGORIES Бизнис
