ЦЕМЕНТАРА УСЈЕ ОТКРИВА – Граѓаните да не се сеќираат, нема загадување, работиме безбедно и зелено

Од болници и брани до патишта компанијата обезбедува материјали за целата инфраструктура во земјата.

ЦЕМЕНТАРА УСЈЕ ОТКРИВА – Граѓаните да не се сеќираат, нема загадување, работиме безбедно и зелено
Фото: Национал

„Титан“ повеќе од седум децении работи како одговорна компанија во земјата, придонесувајќи за националниот развој, локалната економија и обезбедувајќи материјали за критична инфраструктура, вклучувајќи болници, брани, патишта и јавни објекти. Како одговорен член на заедницата, ТИТАН активно ја следи јавната дебата за животната средина и обезбедува транспарентни информации за своите активности.

Компанијата работи во целосна согласност со европските стандарди, применувајќи работни услови идентични на оние во цементарниците на Европската Унија. На последниот владиен состанок беше истакнат колективниот договор со државните институции, според кој вработените за две години ќе имаат плата повисока за 40%.

ТИТАН ги почитува сите важечки закони, подзаконски акти и прописи, вклучувајќи и А-интегрирана еколошка дозвола, при што често се применуваат интерни стандарди построги од законските барања. Емисии се мерат 24 часа дневно преку независен мониторинг, а резултатите се достапни за јавноста и редовно се доставуваат до надлежните органи и медиумите. Редовните и ненајавени инспекции досега не покажуваат пречекорувања на законските лимити.

Барањето за продолжување на А-интегрираната еколошка дозвола е целосно во согласност со законските и подзаконските акти и ги следи европските регулативи.

Како дел од групацијата ТИТАН, компанијата се придржува до најдобрите меѓународни практики и ESG стандарди, демонстрирајќи долгорочна посветеност на заштитата на животната средина, вклучувањето на заедницата и модерното корпоративно управување.

CATEGORIES
TAGS
Share This