ЦЕЛА НОЌ ГИ АНАЛИЗИРАМ – Лазаров го подготвува планот против Португалија

Националниот тим решен да го поправи впечатокот од дуелот со Данска

ЦЕЛА НОЌ ГИ АНАЛИЗИРАМ – Лазаров го подготвува планот против Португалија
Фото: Архива

По поразот од Данска, македонската ракометна репрезентација веќе го насочува фокусот кон следниот противник Португалија. На вчерашниот утрински брифинг со новинарите селекторот Кирил Лазаров истакна:

„Португалија е одличен тим и дојдени се со амбиција да се борат за медал. Но, не се на нивото на Данска. За нас најважно е да настапиме подобро отколку што игравме во првиот натпревар. Сите посакуваме изненадување. Португалците се фаворити, а ние ќе направиме сè за да им ги нарушиме плановите. Тие веруваат дека можат до подиум, а јас цела ноќ ги анализирам.“

Македонската селекција вториот натпревар го игра вечерва (недела) од 18 часот во Хернинг.

CATEGORIES
TAGS
Share This