ЦАРИНИТЕ НА ТРАМП МОЖАТ ДА ГО НАМАЛАТ ФЕДЕРАЛНИОТ ДЕФИЦИТ Се очекува да донесат над 500 милијарди долари годишно

Средствата од царините треба да го ублажат растот на дефицитот предизвикан од намалувањето на даноците и новата регулатива за трошење, усвоени годинава по иницијатива на претседателот Трамп.

ЦАРИНИТЕ НА ТРАМП МОЖАТ ДА ГО НАМАЛАТ ФЕДЕРАЛНИОТ ДЕФИЦИТ Се очекува да донесат над 500 милијарди долари годишно

Секретарот за финансии на САД, Скот Бесент, изјави дека приходите од тарифите воведени од претседателот Доналд Трамп би можеле да ја надминат сумата од 500 милијарди долари годишно.

Тој нагласи дека ова претставува значително зголемување во однос на претходната проценка и оти дополнителните средства може да помогнат во намалување на буџетскиот дефицит, кој беше зголемен соради даночните намалувања и новите трошоци на администрацијата.

Според најновите процени на Канцеларијата за буџет на Конгресот, приходите од царините би можеле да го намалат дефицитот за четири билиони долари во наредната деценија.

CATEGORIES
Share This