ЦАРИНАТА ЗАПЛЕНИ 78 КИЛОГРАМИ ТУТУН ЗА НАРГИЛЕ – Возачот се обидел да ја избегне контролата

Возачот, македонски државјанин, се обидел да ја избегне контролата и со зголемена брзина минал покрај цариник, попречувајќи го во службеното дејствие.

ЦАРИНАТА ЗАПЛЕНИ 78 КИЛОГРАМИ ТУТУН ЗА НАРГИЛЕ – Возачот се обидел да ја избегне контролата

Царинската управа заплени 78 килограми тутун за наргиле со пазарна вредност од околу 13.000 евра при контрола на автомобил на граничниот премин „Блаце“.

Возачот, македонски државјанин, се обидел да ја избегне контролата и со зголемена брзина минал покрај цариник, попречувајќи го во службеното дејствие. При детална проверка биле откриени 13 кутии со 312 лименки тутун, за кои не биле платени давачки во висина од над 500 илјади денари.

Против лицето е поднесена кривична пријава за криумчарење и спречување службено лице, а случајот е предаден на надлежното обвинителство.

CATEGORIES
Share This