БУМ НА БАРАЊА ЗА МАКЕДОНСКО ДРЖАВЈАНСТВО ОД ТУРЦИЈА – Над 10.500 Турци барале поднеле барање во последните четири години

Наглиот раст на апликациите следи по измените на Законот за државјанство од 2021 година

БУМ НА БАРАЊА ЗА МАКЕДОНСКО ДРЖАВЈАНСТВО ОД ТУРЦИЈА – Над 10.500 Турци барале поднеле барање во последните четири години
Фото: Принтскрин

Во последните четири години, околу 10.500 турски граѓани поднеле барања за македонско државјанство врз основа на потекло од Македонија.

Министерството за внатрешни работи појаснува дека станува збор за лица кои доставуваат докази за своето македонско потекло и припаѓаат на македонскиот етнички корпус. Според МВР, наглото зголемување на апликациите е резултат на измените во Законот за државјанство од 2021 година, кои го олеснија процесот за иселениците, особено оние што живеат во Турција.

Истовремено, економската соработка меѓу двете земји се зајакнува. Податоците на Македонско-турската стопанска комора (МАТТО) покажуваат дека во 2024 година биле регистрирани 4.132 компании со турски капитал, основани од физички и правни лица. Од Комората истакнуваат дека ваквиот тренд е последица на долгогодишните добри односи и блиската соработка меѓу Македонија и Турција.

CATEGORIES
TAGS
Share This