БУГАРСКИОТ ПРЕМИЕР ПОРАЧУВА – Нема ЕУ без бугари во македонскиот устав

Скопје знае што треба да направи - само треба да го стори тоа и не постои разговор за повлекување на барањето за Бугарите во Уставот

БУГАРСКИОТ ПРЕМИЕР ПОРАЧУВА – Нема ЕУ без бугари во македонскиот устав
Фото: Принтскрин

Бугарскиот парламент не поставува нови или поинакви услови, туку инсистира на почитување на веќе договорените предуслови за почеток на преговорите за членство на Република Северна Македонија во Европската Унија, изјави премиерот Росен Жељазков во емисијата „Недела 150“ на Бугарското национално радио. Тој одговори на прашањето дали е можен гест од страна на Бугарија и повлекување од инсистирањето Бугарите да бидат вклучени во Уставот на РСМ.

„Не мислам дека воопшто постои таков разговор“, рече Жељазков, додавајќи дека Бугарија нема нерешени билатерални прашања со Скопје, туку дека постои Договор за добрососедство со придружен протокол.

Според него, фактот што протоколот е оспорен пред Уставниот суд во Северна Македонија е дел од „домашната политичка кореографија“ што се изведува во Скопје, вклучително и пред Европскиот совет.

Тој нагласи дека Бугарија не бара ништо повеќе од она што е предвидено во компромисниот француски предлог од 2022 година: уставните измени и исполнување на обврските утврдени во протоколот.

„Не поставуваме никакви различни услови од веќе усвоениот предлог. Ако властите во Скопје сакаат да бидат дел од ЕУ, мора да го следат овој пат – тоа е ставот на самата Европска Унија“, истакна Жељазков.

Во однос на можноста за дополнителен билатерален протокол со кој Северна Македонија би добила гаранции дека нема да има нови блокади, премиерот порача дека најголема гаранција е едногласната одлука на бугарското Народно собрание.

„На колегите од Скопје треба да им биде јасно дека стоиме зад овој принципиелен став. Нема да го претвораме ова прашање во билатерален спор ниту да бараме невидливи влијанија од глобални политички актери“, додаде Жељазков.

CATEGORIES
TAGS
Share This