БУГАРИЈА СО НАЈНИСКА, ЛУКСЕМБУРГ СО НАЈВИСОКА МИНИМАЛНА ПЛАТА – Ова се минималните плати во ЕУ
Законски минимални плати имаат 22 од 27 земји-членки на ЕУ

Податоците на Евростат покажуваат дека висината на минималната плата во земјите на Европската Унија значително варира, но разликите се намалуваат кога се мерат според куповната моќ.
На почетокот на 2026 година, 22 од 27 земји-членки на ЕУ имале законски утврдена минимална плата а исклучоци биле Данска, Италија, Австрија, Финска и Шведска каде платите се регулираат преку колективни договори, а не со закон.
Под 1.000 евра минимална плата има во Бугарија – 620 €, Латвија – 780 €, Романија – 795 €, Унгарија – 838 € како и во Естонија, Словачка, Чешка и Малта.
Минимална плата од 1.000 до 1.500 евра има во Грција – 1.027 €, Хрватска – 1.050 €, Португалија, Кипар, Полска, Литванија, Словенија, Шпанија, Словенија – 1.278 €.
Над 1.500 евра минимална плта има во Франција – 1.823 €, Белгија, Холандија, Ирска – сличен опсег, Германија – 2.343 € и Луксембург со највисока минимална плата: 2.704 €
Најбрз раст на минималната плата во последната деценија има во Романија – 13,1% годишно и Литванија – 12,7% годишно додека пак набавен раст е забележан во Франција со 2,2% годишно. На пример, во Хрватска пред 10 години минималната плата зинесувала 408 € или во Словенија 791 €.
Разликите според номиналните износи се највисоката плата е 4,4 пати повисока од најниската додека разликата според куповната моѓ, односно според PPS највисоката плата е 2,4 пати повисока од најниската.
Според ППС, над 1.500 PPS има во Германија, Луксембург, Холандија, Белгија, Ирска, Франција, Полска, Шпанија, од 1.000 до 1.500 PPS во Словенија, Литванија, Хрватска, Романија, Португалија, Грција, Кипар, Унгарија, Малта, Словачка, Бугарија, Чешка и под 1.000 PPS Латвија и Естонија
На годишно ниво, Словачка, Бугарија и Чешка се префрлиле во повисоката група според PPS, што покажува постепено намалување на економските разлики меѓу земјите-членки.

