БУГАРИЈА НА НОЗЕ – Македонија може да преговара без да ги вклучи Бугарите во уставот

БГНЕС предупредува дека амандманите на Вајц можат да ја заобиколат Преговарачката рамка и да започнат преговори пред време.

БУГАРИЈА НА НОЗЕ – Македонија може да преговара без да ги вклучи Бугарите во уставот
Фото: Принтскрин

Амандманите на известувачот на Европскиот парламент за Северна Македонија, Томас Вајц, повторно предизвикаа реакции во Софија. Бугарските медиуми, предводени од БГНЕС, оценуваат дека предложените измени во извештајот се обид да се започнат преговори на Северна Македонија за членство во ЕУ без исполнување на условот од Преговарачката рамка за вклучување на Бугарите во уставот.

Со амандманот 108, Вајц предлага Европскиот парламент да го повика Советот да го разјасни „правниот статус на вториот билатерален протокол“ кон Договорот за добрососедство и пријателство меѓу двете земји. Проблемот е во тоа што протоколот јасно наведува дека следната меѓувладина конференција ќе се одржи само откако Бугарите ќе бидат вклучени во уставот на Северна Македонија.

БГНЕС истакнува дека амандманот 214, кој ја нагласува обврската на сите земји-членки на Советот на Европа да спроведат пресуди на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП), се толкува како обид да се врши притисок врз Бугарија и случајот ОМО „Илинден“. Таквите формулации, според медиумот, не се соодветни во извештај за земја-кандидат и ја доведуваат во прашање веќе договорената преговарачка рамка.

БГНЕС потсетува и на минатогодишниот извештај на Вајц, кога „македонски идентитет и јазик“ беа вклучени без согласност на бугарските претставници, што предизвика контроверзии. Сега медиумот ги повикува бугарските европратеници да не станат соучесници во обидите на Скопје да ги заобиколи своите обврски и да ги префрли последиците врз Софија.

CATEGORIES
TAGS
Share This