БУГАРИЈА И ЕУ СО ЗАЕДНИЧКА ПОРАКА Нема нови барања, но обврските мора да се исполнат

Жељазков, пак, потсети дека Софија со одлука на парламентот веќе гарантирала дека нема да бара нови услови, но потврди дека вклучувањето на Бугарите во македонскиот Устав и борбата против говорот на омраза остануваат предуслов за напредок во евроинтеграциите.

БУГАРИЈА И ЕУ СО ЗАЕДНИЧКА ПОРАКА Нема нови барања, но обврските мора да се исполнат
Фото: Принтскрин

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, по средбата со бугарскиот премиер Росен Жељазков во Софија изјави дека е разумно Северна Македонија да добие гаранција дека нема да има нови барања во процесот на преговори со ЕУ, откако ќе ги исполни постојните обврски.

„Скопје со години е во овој процес. Тие го сменија Уставот, знамето, името на државата и очекуваат конкретен напредок. Но, договореното мора да се спроведе“, рече Кошта.

Тој додаде дека по изборите во Македонија очекува разговорите да продолжат и да се постигне напредок.

Кошта нагласи дека довербата е клучна и дека двете земји треба да соработуваат на проекти за поврзување и подобрување на економиите.

„Нашата Унија е создадена од пепелта на Втората светска војна, кога Франција и Германија решија да ја надминат меѓусебната омраза. И регионот мора да го следи тој пример“, порача тој.

Жељазков, пак, потсети дека Софија со одлука на парламентот веќе гарантирала дека нема да бара нови услови, но потврди дека вклучувањето на Бугарите во македонскиот Устав и борбата против говорот на омраза остануваат предуслов за напредок во евроинтеграциите.

CATEGORIES
TAGS
Share This