БРЗИНА И ПРАВИЧНОСТ – Ова се новите фудбалски правила на Мундијалот

Новите правила се воведуваат за да ја забрзаат играта и да ја зголемат правичноста.

БРЗИНА И ПРАВИЧНОСТ – Ова се новите фудбалски правила на Мундијалот
Фото: Принтскрин

Светската фудбалска федерација, ФИФА, донесе нови правила кои се фокусираат на брзината на играта, правичноста и правилното функционирање на натпреварите. Овие правила ќе бидат применети на следниот Мундијал, кој ова лето ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.

Најважните измени се поврзани со прекините. Имено, играчот кој се заменува ќе има 10 секунди да го напушти теренот. Ако не го стори тоа, заменетиот играч ќе мора да чека една минута пред да влезе, а тимот ќе игра со 10 играчи во тој период. Уфрлањето од аут мора да се изврши во рок од 5 секунди, во спротивно топката му припадa на противникот.

Понатаму, играч кој добива лекарска помош на теренот мора да го напушти и да чека една минута пред да се врати во игра. ВАР ќе може да интервенира при доделување на втор жолт картон или ако се утврди очигледна грешка при досудување на корнер.

CATEGORIES
Share This