БРИСЕЛ ЈАСНО – Сакате во ЕУ, мора да го смените Уставот без одлагање

Советот на ЕУ ја потсетува Македонија дека уставните измени се единствениот преостанат чекор за отворање на првиот кластер

БРИСЕЛ ЈАСНО – Сакате во ЕУ, мора да го смените Уставот без одлагање
Фото: Принтскрин

Советот на ЕУ во декември ќе ја повика Северна Македонија без одлагање да ги спроведе уставните измени, стои во новите нацрт-заклучоци. Документот, кој треба да биде усвоен од сите 27 земји-членки, предвидува Советот да ја реафирмира подготвеноста за отворање на првиот преговарачки кластер веднаш по исполнување на обврските од Преговарачката рамка.

Во текстот се наведува дека земјата сè уште не ги реализирала уставните измени, а Советот повторува дека е подготвен да свика нова меѓувладина конференција без дополнителни политички услови, штом измените бидат усвоени во согласност со националните процедури.

Кога станува збор за процесот на пристапување, еврокомесарката Марта Кос веќе изјави дека сè зависи од спроведувањето на уставните измени, односно Македонија мора да го промени Уставот.

„Штом го променат Уставот, без понатамошни одложувања или дополнителни услови, ќе можеме да организираме она што го нарекуваме Меѓувладина конференција. Значи, навистина се радуваме на овие важни чекори“ – појаснува Кос.

CATEGORIES
TAGS
Share This