БОЖИНОСКА СО ВИЗИЈА Македонија ќе свети на зелена енергија

Божиновска потенцира дека стабилноста зависи и од регионалната соработка и прекуграничните врски, а најави и заштита и меѓународна промоција на македонскиот рубин како дел од националното богатство.

БОЖИНОСКА СО ВИЗИЈА Македонија ќе свети на зелена енергија
Фото: Принтскрин

Министерката за енергетика Сања Божиновска на конференцијата „Јас сум жена“ порача дека целта е Македонија да обезбедува доволно енергија за своите потреби, со поголем удел на обновливи извори и модерна дигитална мрежа интегрирана во европскиот систем.

Како најголеми предизвици таа ги истакна застарената инфраструктура, финансирањето и недостигот на кадар, а како приоритети – нови соларни и ветерни капацитети, модернизација на мрежата и закони за привлекување инвестиции.

Божиновска потенцира дека стабилноста зависи и од регионалната соработка и прекуграничните врски, а најави и заштита и меѓународна промоција на македонскиот рубин како дел од националното богатство.

CATEGORIES
Share This