БОЖИЌНАТА ПОРАКА НА ТРАМП Радикалната левица не успеа да ја уништи Америка

Поранешниот американски претседател во божиќна порака ги истакна економските резултати, безбедноста и ефектите од царинската политика

БОЖИЌНАТА ПОРАКА НА ТРАМП Радикалната левица не успеа да ја уништи Америка
Фото: Принтскрин

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денеска им го честиташе Божиќ на американските граѓани, при што се осврна и на, како што наведе, клучните успеси од почетокот на неговиот втор претседателски мандат. Во пораката тој ги истакна воведените царини, како и тврдењето дека економските мерки донеле стабилност и „отсуство на инфлација“.

„Среќен Божиќ на сите, вклучувајќи ги и оние радикални левичари кои, како што рече, прават сè за да ја уништат нашата земја, но во тоа не успеваат“, изјави поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

Тој нагласи дека САД повеќе немаат отворени граници, дека нема учество на мажи во женските спортови, ниту, како што посочи, „неконтролирани политики поврзани со родовите прашања“, како и дека спроведувањето на законот е зајакнато.

Според Трамп, земјата бележи „рекорден раст на берзата“, зголемување на просечните салда на пензиските сметки спонзорирани од работодавачите, како и „најниска стапка на криминал во последниве децении“. Тој додаде дека инфлацијата е практично непостоечка и дека најновите податоци покажуваат раст на бруто домашниот производ од 4,3 проценти, што, според него, е за два процентни поени над очекувањата.

„Царините донесоа трилиони долари раст и просперитет, како и најсилна национална безбедност што сме ја имале досега. Америка повторно е почитувана, можеби како никогаш претходно. Бог да ја благослови Америка“, изјави Трамп.

CATEGORIES
Share This