БОМБА ОД АМЕРИКА – Брижит Макрон на медицински преглед за да докаже дека не е маж

Францускиот претседателски пар прво ја предупреди Овенс да прекине со обвинувањата, но откако таа продолжи, решија да поднесат тужба.

БОМБА ОД АМЕРИКА – Брижит Макрон на медицински преглед за да докаже дека не е маж
Фото: Принтскрин

Францускиот претседател Емануел Макрон и неговата сопруга Брижит водат правна битка во САД против контроверзната инфлуенсерка Кандис Овенс, која тврди дека првата дама на Франција е родена како маж.

Овенс, тужена за клевета, најави дека ќе побара Брижит Макрон да се подложи на медицински преглед од „независен лекар“ и да достави здравствен картон.

„Ова е Америка, не Франција – процесот на откривање не може да се избегне само затоа што сте светски лидер“, изјави таа.

Адвокатот на Макронови, Том Клер, потврди дека на суд ќе бидат приложени „и научни и визуелни докази“ за да се стави крај на, како што вели, навредливите и понижувачки теории на заговор.

„Навистина е вознемирувачки што мора да докажувате очигледни работи“, рече тој за подкастот Fame Under Fire на Би-Би-Си.

Гласините започнаа во 2021 година со статија во француското десничарско списание Faits et Documents, која тврдеше дека Брижит е всушност нејзиниот брат Жан-Мишел Троње, кој наводно го сменил полот. Теоријата потоа беше разработена од „духовен медиум“ и самопрогласена новинарка, а подоцна ја презеде и прошири Кандис Овенс преку своите видеа.

Францускиот претседателски пар прво ја предупреди Овенс да прекине со обвинувањата, но откако таа продолжи, решија да поднесат тужба.

„Сметавме дека судот е единственото средство за заштита што ни остана“, стои во нивното соопштение.

CATEGORIES
TAGS
Share This