МАКЕДОНИЈА – ПОЛСКА Битола утре како во старите времиња кога Пелистер газеше во ракометна Југославија
На првиот дуел во Полска нашата репрезентација беше совладана со четири гола разлика (18-22). Резултатот дава надеж дека во Битола може да биде поинаку

Македонската женска ракометна репрезентација утре го игра реванш бараж натпреварот за пласман на Светското првенство 2025 година против репрезентацијата на Полска.
На првиот дуел во Полска нашата репрезентација беше совладана со четири гола разлика (18-22). Резултатот дава надеж дека во Битола може да биде поинаку.
Салата „Боро Чурлевски“ во Битола е веќе распродадена. Битола заличува на старите добри времиња кога битолски Пелистер газеше по ракометните терени низ поранешна Југославија а спортската сала (тогаш „Младост“) во Битола секогаш беше полна под диригентската палка на познатиот Мате Шундовски. Средствата од продажбата на билетие ќе бидат донирани за настраданите во Кочани.
Натпреварот се игра утре (12 април) со почеток во 19:00 часот.








