БЕЗ СТРУЈА И ВОДА ВО ДЕЛОВИ ОД СКОПЈЕ Еве каде и во кој период

Планирани технички интервенции ќе предизвикаат прекини во водоснабдувањето и електричната енергија во Ѓорче Петров и Драчево.

БЕЗ СТРУЈА И ВОДА ВО ДЕЛОВИ ОД СКОПЈЕ Еве каде и во кој период
Фото: Национал

Поради планирани технички интервенции, денеска делови од Скопје ќе останат без водоснабдување и електрична енергија.

Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека поради изведување водоводен приклучок со ф-200 милиметри на улицата „Воин Драшкоци“ бб, за потребите на ООУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“, од 09:00 часот до завршување на работите без вода ќе бидат корисниците на улиците „Воин Драшкоци“ и „Исаија Мажовски“.

Во меѓувреме, прекини во снабдувањето со електрична енергија се најавени од 05:00 до 07:00 часот за корисниците на улиците „Беаз Куле“, „Гостиварска“ и околината во општина Ѓорче Петров.

Без струја ќе останат и корисниците во подрачјето на ТС „Подстаница село Драчево“, на улицата „Сердарот“, каде прекинот е предвиден од 09:00 до 12:00 часот.

CATEGORIES
Share This