БЕСНИОТ ТРАМП СО ПОРАКА ДО ЗЕЛЕНСКИ ДЕКА КРИМ Е ЗАВРШЕНА ПРИКАЗНА „Може да се бориш уште 3 години и да ја изгубиш целата земја“
о објава на својата социјална мрежа „Истина“, Трамп реагираше на неодамнешното интервју на Зеленски за „Волстрит журнал“, каде украинскиот лидер истакна дека Украина правно не ја признава анексијата на Крим од страна на Русија

Aмерикански претседател Доналд Трамп остро ја критикуваше изјавата на украинскиот претседател Володимир Зеленски во врска со статусот на Крим, оценувајќи дека таквите ставови ја отежнуваат можноста за постигнување мир со Русија.
Во објава на својата социјална мрежа „Истина“, Трамп реагираше на неодамнешното интервју на Зеленски за „Волстрит журнал“, каде украинскиот лидер истакна дека Украина правно не ја признава анексијата на Крим од страна на Русија. Зеленски подвлече дека „нема дискусија“ за статусот на полуостровот.ж
Трамп оцени дека ваквиот став е штетен за мировните преговори:
„Оваа изјава ги попречува мировните напори. Крим беше изгубен за време на мандатот на Барак Обама пред многу години и неговиот статус веќе не е предмет на разгледување“- изјави тој.
Според Трамп, Зеленски не мора да го признае Крим како руски, но продолжувањето на борбата за него, според него, е стратегија што може да доведе до целосна загуба на Украина.
„Зеленски може или да склучи мир, или да продолжи со војната уште три години и да ја изгуби целата земја“ – предупреди Трамп.
Тој истакна дека ситуацијата во Украина е критична и побара од украинскиот претседател да преземе решителни чекори.
„Сме многу блиску до договор, но човекот што ’нема карти во рацете‘ – така го нарекувам Зеленски – конечно мора да го направи тој чекор“ – додаде Трамп.
Изјавата доаѓа во време кога западните држави се сѐ повеќе поделени околу стратегијата за Украина, а напорите за дипломатско решение остануваат во застој. Зеленски досега повеќепати ја повтори позицијата дека Украина нема да се откаже од ниту една своја територија, вклучително и Крим.


