БЕНЗЕМА САКАЛ ГОЛЕМО ВРАЌАЊЕ Но се појави неочекуван проблем
Лион размислувал да го врати својот поранешен голгетер, но договорот со саудискиот фонд може да му ја блокира иднината.

Карим Бензема бил подготвен да направи големо враќање во Лион, и тоа без да бара финансиски надомест. Францускиот голгетер сакал повторно да го облече дресот на клубот во кој ја започна професионалната кариера, како начин да му се оддолжи за поддршката што ја добил на почетокот од својот фудбалски пат.
Раководството на Лион ова лето сериозно ја разгледувало можноста за враќање на искусниот напаѓач, но идејата на крајот не се реализирала.
Бензема на 31 август го раскина договорот со Ал Хилал и во моментов е слободен играч. Сепак, неговата иднина е отежната поради обврските што ги има како амбасадор на саудискиот шампионат, кои според информациите се поврзани со договор со саудискиот државен инвестициски фонд PIF.
Токму тие обврски би можеле да му го ограничат настапувањето во други првенства. Доколку договорот остане во сила до 2030 година, Бензема тогаш ќе има 43 години.
Поради ваквата ситуација, сè погласни се и шпекулациите дека искусниот француски напаѓач би можел да донесе конечна одлука и да стави крај на својата богата фудбалска кариера.

