БДП ПОРАСНА ЗА 4,3 ОТСТО Градежништвото со раст од дури 21,9 отсто
Новите податоци на ДЗС покажуваат раст и на инвестициите, кои во второто тримесечје номинално се зголемиле за 14,5 отсто.

Бруто-домашниот производ (БДП) во второто тримесечје од 2026 година бележи реален раст од 4,3 отсто во однос на истиот период лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Најзначаен раст е регистриран во секторот градежништво, каде активноста е зголемена за 21,9 отсто. Раст од 5,1 отсто е забележан и во секторите поврзани со уметност, забава и рекреација, други услужни дејности, како и дејностите на домаќинствата како работодавачи и домаќинствата кои произведуваат стоки и обезбедуваат услуги за сопствени потреби.
Во второто тримесечје, финалната потрошувачка номинално се зголемила за 7 отсто, при што во структурата на БДП учествува со 83,2 отсто.
Истовремено, бруто-инвестициите пораснале номинално за 14,5 отсто, што главно се должи на зголемените инвестиции во основни средства.
Според сезонски и календарски прилагодените податоци, растот на БДП во второто тримесечје од 2026 година во однос на истиот квартал од 2025 година изнесува 4 отсто.

