БАРСЕЛОНА НЕ СЕ ПРЕДАВА Ханси Флик суспендиран, но жалбата продолжува

Вчера беше потврдено дека Ханси Флик, тренерот на Барселона, доби суспензија од еден натпревар поради црвениот картон што го доби во завршницата на мечот против Жирона. По завршувањето на натпреварот, клубот веднаш поднесе жалба, но дисциплинската комисија на Ла Лига ја одби, потврдувајќи дека Флик нема да може да го води својот тим во неделното „Ел Класико“.
Според информации од каталонските медиуми, Барселона планира да поднесе нова жалба, бидејќи во клубот се убедени дека санкцијата за Германецот е премногу строга. Сепак, малкумина веруваат дека Ла Лига ќе ја промени својата одлука. Ханси Флик самиот изрази недоразбирање по одлуката, велејќи дека не му е јасно зошто добил црвен картон, особено кога се работи за две жолти картони и автоматско исклучување.
Натпреварот Реал Мадрид – Барселона е закажан за недела во 16:15 часот, а фановите со нетрпение очекуваат каков ќе биде исходот без присуство на Флик на клупата.


