БАРСЕЛОНА НА КРСТОПАТ Левандовски заминува, но без замена?

Во последно време, Барселона е под лупа поради своите планови за иднината, особено во нападот, каде се очекува замена за Роберт Левандовски. Сепак, новите информации од Шпанија предизвикаа загриженост меѓу навивачите на каталонскиот клуб. Левандовски, кој се приклучи на Барселона во летото 2022 година од Баерн Минхен, покажа одлични настапи, но со неговите 37 години, времето за повлекување се приближува. Договорот на Левандовски истекува на крајот на сезоната, а тој сака да остане уште една година. Но, управата на клубот се двоуми, а гласините за негово ослободување се сè погласни.
Во изминатите месеци, многу се шпекулираше за можноста Барселона да вложи значителни средства во млад напаѓач, но последните информации укажуваат на тоа дека такво нешто не е во план. Заминувањето на Левандовски би можело да биде клучно за финансиската стабилност на клубот, бидејќи тој е еден од најплатените играчи во составот. Но, разочарувањето на навивачите доаѓа од фактот што неговото заминување не би значело доаѓање на ново звучно име во нападот.
Иако се споменуваа имиња како Жулијан Алварез, Хари Кејн и Ерлинг Халанд, сега е јасно дека тие остануваат само во сферата на соништата. Барселона верува дека заминувањето на Левандовски ќе отвори можности за финансирање на нови засилувања, но без нов напаѓач, бидејќи клубот има доверба во Феран Торес да ја преземе главната улога. Навивачите, сепак, не се убедени во оваа одлука, сметајќи дека Торес е поефикасен како резерва.
Финансиските проблеми на клубот, кои траат со години, значат дека Барселона нема да му понуди нов договор на Левандовски, со цел да го ослободи буџетот за плати и регистрација на нови играчи. Во тековната сезона, Левандовски постигна осум гола и оствари две асистенции во осумнаесет натпревари, додека Феран Торес има 13 гола и една асистенција во 22 натпревари, а важен е и фактот дека е 12 години помлад од Полјакот. Крајот на 2025 година носи лоши вести за Барселона!


