БАЧЕВ НА ГОЛЕМА МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА – 57 научници, 50 земји од четири континенти и вовед од кандидатот за Генерален секретар на ОН
На меѓународната конференција професорот Бачев го изложи својот труд за ревизија на Повелбата на ОН и иднината на колективната безбедност.

Фото: Национал
Професорот и лидер на Единствена Македонија Јанко Бачев учествуваше на тридневна меѓународна научна конференција во Белград на која свое излагање имаа 57 научни работници од 50 земји од четири континенти.
Професорот Бачев се претстави со својот научен труд на тема: „Колективната безбедност воспоставена со Повелбата на Обединетите нации – предлози за ревизија, предизвици и перспективи за реформи“.
Посебната важност на овој научен собир се потврдува и преку фактот што конференцијата беше отворена со воведно обраќање на кандидатот за следен генерален секретар на Обединетите нации, г. Пино Арлачи.

CATEGORIES Македонија


