БАЧЕВ: ГОЛЕМА ВЕСТ ЗА ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ – Вилијам Михајловски Гајда утре со силна иницијатива
Утре започнува иницијатива што ќе ја разниша неправдата и ќе го отвори патот кон слободата

Претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев се огласи на социјалната мрежа фејсбук со информација дека во текот на утрешниот ден ќе следи голема иницијатива од Вилијам Михајловски Гајда претседател на Комисијата на Единствена Македонија за внатрешна безбедност, одбрана, правда и политички затвореници и неправедно осуден на 13 години затвор.
-„Вилијам како претседател на Комисијата на Единствена Македонија за внатрешна безбедност, одбрана, правда и политички затвореници, на денешната работна средба ме запозна дека е завршена повеќедневната работа на комисијата околу случајот од огромно значење за неправедно осудените за 27 април. Утре започнува иницијатива што ќе ја разниша неправдата и ќе го отвори патот кон слободата! Неправдата мора да падне – слобода за неправедно осудените на два века затвор. Македонија влегува во нова фаза на борба за вистината и правдата! – напиша Бачев на фејсбук.


