БАЧЕВ: АХМЕТИ СИ ДАВА ЛАЖНО ЗНАЧЕЊЕ – Македонија можеше да ги реши, но беше предадена
ачев открива детали дека СДБ знаела сè за УЧК, но државниот врв не дозволи акција

Фото: Национал
Професорот и лидер на Единствена Македонија Јанко Бачев на социјалната мрежа фејсбук ја кометираше денешната изјава на Али Ахмети во која вели дека тој ја растурил Југославија а можел да ја подели и Македонија во 2001 година.
„На денешната средба со новинарите, Али Ахмети се фали дека ја растурил Југославија. За Македонија, пак, рече дека имал план Б и ако излезе на улица, повеќе нема да се враќа дома, алудирајќи дека можел да ја растури и нашата држава, како што, според него, можел во 2001 година. Иако, како што самиот вели, победил во војната, не сакал да ја подели Македонија“ вели Бачев.
Бачев додава дека не би ја коментирал како што вели „глупоста“ дека ја растурил Југославија, со која изјава Ахмети си дава нереално значење.
Но, Бачев во однос на воената 2001 во Македонија истакнува:
„Македонската државна безбедност во 2001 година практично знаеше сè за првите 500-700 припадници на УЧК кои се одметнаа во планините – колку се, каде се, зошто се таму, нивната вооруженост и слично. Тие можеа да бидат решени уште на самиот почеток, доколку постоеше одобрување од предавничкиот државен врв. Беа обезбедени и списоци за регрутација и обука во кампови на Косово за паричен надомест, како и прецизни информации за базите во селата околу Шар планина, во Лојане, Танушевци, Арачиново… штабовите во Мала Речица, во Чаир…СДБ знаеше сè и редовно ги информираше највисоките државни структури, но Македонија помина како што помина во таа војна – посрамена и понижена. Причината не беше неспособноста на безбедносните сили, туку предавствата и политичките сценарија на Љубчо и Бранко. И уште, во воената 2001 Македонија го имаше најлошото решение за претседател и врховен командант“ – напиша Бачев.
CATEGORIES Македонија
TAGS Топ вест


