ТРЕНЕРОТ НА АРСЕНАЛ АРТЕТА МУ ПРЕСУДИ НА АНЧЕЛОТИ Дон Карло веќе ги пакува куферите

Дури и Јирген Клоп би можел да го замени Анчелоти. Имаше информации дека германскиот стручњак се согласил да преговара со Реал и по една година тренерска пауза би можел да земе нов предизвик

ТРЕНЕРОТ НА АРСЕНАЛ АРТЕТА МУ ПРЕСУДИ НА АНЧЕЛОТИ Дон Карло веќе ги пакува куферите

Веднаш по елиминацијата на Реал Мадрид од Арсенал во Лига на шампиони, се појавија информации дека тренерто на Реал, Карло Анчелоти нема да го дочека крајот на актуелната сезона на клупата на Мадрид. Според „Скај Спорт“, 65-годишниот италијански стратег веќе ги пакува куферите и ќе остане на клупата на Реал до финалето на домашниот Куп со Барселона што ќе се одигра во Севиља, но се очекува потоа да го напушти клубот. Реал Мадрид не ги исполни целите за оваа сезона, особено со поразот од Арсенал во четвртфиналето на Лигата на шампионите со вкупен резултат 1:5. 

Анчелоти сè почесто се споменува и како најсериозен кандидат за нов селектор на Бразил, а оваа вест би можела и официјално да биде потврдена пред крајот на сезоната. Доколку Реал сега му врачи отказ, тоа навистина би можело да се случи веќе во јуни, можеби и пред натпреварите што Бразил ги игра против Еквадор (4 јуни) и Парагвај (7 јуни) во квалификациите за Светското првенство.

Дури и Јирген Клоп би можел да го замени Анчелоти. Имаше информации дека германскиот стручњак се согласил да преговара со Реал и по една година тренерска пауза би можел да земе нов предизвик.

Истовремено, по синоќешниот натпреварот со Арсенал на „Бернабеу“, како што пренесува „Релево“, добар дел од фудбалерите изразиле незадоволство од Карло Анчелоти. Тие сметаат дека стратегот немал никаков план за реваншот против Арсенал и дека главни адути во тактиката за чудо биле „интензитет“ и „посветеност“. Поразот од 3-0 на Емирати донесе тензија во соблекувалната на Реал Мадрид, а новото славје на „топчиите“ и на „Бернабеу“ очигледно ќе ги турне „кралевите“ во поголема криза.

Фудбалерите за ова веќе го известиле претседателот Флорентино Перез, како и за тоа дека тие повеќе не веруваат дека Карло Анчелоти е тренерот кој треба да го носи клубот напред.

Сега на потег е првиот човек на „кралевите“ и тој ќе пресуди каква ќе биде иднината на Карло Анчелоти, одредени извори велат дека стратегот ќе замине веќе по финалето во Копа дел Реј, натпревар кој е на програмата за десет дена.

CATEGORIES
Share This