APPLE СЕ СООЧУВА СО ПРЕДИЗВИЦИ Проблем во развојот на преклопен iPhone без видлив набор
Главниот проблем е неможноста да се произведе внатрешен дисплеј без видлив набор, и покрај интензивното тестирање на ултратенко флексибилно стакло.

Apple се соочува со сериозни технолошки предизвици во развојот на својот прв преклопен iPhone, чија премиера се очекува во 2026 година. Главниот проблем е неможноста да се произведе внатрешен дисплеј без видлив набор, и покрај интензивното тестирање на ултратенко флексибилно стакло.
Овие потешкотии би можеле да доведат до одложување на лансирањето и да ѝ дадат предност на конкуренцијата, како Samsung, која веќе има напредни foldable модели на пазарот.


