АПЕЛ ДО СКОПЈАНИ Водовод предупредува за недостиг на вода поради енормна потрошувачка

АПЕЛ ДО СКОПЈАНИ Водовод предупредува за недостиг на вода поради енормна потрошувачка

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ алармира дека водоснабдувањето во Скопје е под сериозен притисок поради енормна и неконтролирана дневна потрошувачка на вода за пиење.

Како што информираат од претпријатието, последиците веќе се чувствуваат – намален притисок, нестабилност на системот и повремени прекини во водоснабдувањето во некои делови од градот.

„Апелираме до граѓаните на Скопје да ја користат водата рационално и да избегнуваат непотребно трошење, особено во периоди на високи температури кога потрошувачката драстично се зголемува“, велат од „Водовод“.

Дополнително, од претпријатието упатија повик до општинските власти да се вклучат во едукација и подигање на јавната свест за важноста на штедење на пивката вода.

CATEGORIES
Share This