АМСМ ИНФОРМИРА Нема застој во сообраќајот, возете внимателно!

АМСМ ИНФОРМИРА Нема застој во сообраќајот, возете внимателно!

Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено и по суви коловози, информираат од Автомотосојузот на Македонија (АМСМ). Интензитетот на движење на возилата надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ апелира до возачите да ја прилагодат брзината на условите на патот, строго да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да управуваат внимателно, особено на патиштата низ клисурите, речните долини и котлините, каде што постои можност од појава на одрони. Најризични делници и понатаму остануваат Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица е отворен за сообраќај за возила со маса до 3,5 тони.

Во сила се неколку временски измени на режимот на сообраќај поради градежни активности низ државата. На патниот правец Велес – Тетово, помеѓу клучките Волково и Кондово, сообраќајот е целосно затворен поради изведба на градежни работи и се одвива двонасочно на потег долг 300 метри во правецот Тетово – Велес. Овој режим ќе трае околу четири месеци.

Работи се изведуваат и на обиколницата околу Скопје, на државниот пат А2, каде „Виадукт Трејд“ врши санација на потпорни ѕидови, поради што е воведен изменет режим на сообраќај. На експресниот пат Крива Паланка – Страцин, кај селото Петралица, сообраќајот во текот на денот се регулира рачно со знаменца, а ноќе со семафори.

Продолжуваат и активностите за санација на мостот Здуње на реката Вардар, на делницата Гостивар – Стража, каде што сообраќајот се одвива наизменично. Сличен режим е воспоставен и на регионалниот пат Косоврасти – Мелнички Мост поради санација на свлечиште.

АМСМ потсетува дека возачите треба да бидат претпазливи и да се информираат навреме за состојбата на патиштата пред поаѓање, особено на подолги релации.

CATEGORIES
Share This