АМЕРИКАНСКИТЕ БЕРЗИ ВО ПАД – Судската одлука за тарифите на Трамп и растот на обврзничките приноси ги потресоа инвеститорите
Најголем удар претрпеа технолошките компании – Nvidia изгуби околу 2%, а Amazon и Apple околу 1%.

Американските акции вчера завршија во минус, при што Dow Jones се намали за 0,55%, S&P 500 за 0,69%, а Nasdaq Composite за 0,82%. Најголем удар претрпеа технолошките компании – Nvidia изгуби околу 2%, а Amazon и Apple околу 1%.
Пазарот реагираше на одлуката на федералниот апелационен суд дека глобалните тарифи на Трамп се нелегални, како и на растот на приносите на обврзниците, кои достигнаа 4,27% за 10-годишните и речиси 5% за 30-годишните.
CATEGORIES Бизнис


