АМЕРИКАНСКИ ПЛАН – Подготвен систем за осигурување на бродовите во Ормускиот теснец

Вашингтон подготвува систем за осигурување со владина поддршка, а воената придружба на бродовите може да започне за неколку дена.

АМЕРИКАНСКИ ПЛАН – Подготвен систем за осигурување на бродовите во Ормускиот теснец
Фото: Принтскрин

Американскиот министер за транспорт Шон Дафи изјави дека САД подготвуваат план за осигурување на бродовите што пловат низ Ормускиот теснец, со поддршка од владата.

Во изјава за „Фокс њуз“, пренесена од Си-Ен-Ен, Дафи посочи дека наскоро би можел да биде воспоставен систем со кој на бродовите ќе им се обезбеди осигурување додека минуваат низ овој важен поморски коридор.

Тој нагласи дека кога ќе има појасна проценка на безбедносните ризици во регионот, во иницијативата нема да учествуваат само САД, туку и нивните сојузници и партнери.

Според Дафи, со воведување воена придружба и дополнителни безбедносни мерки, се очекува да се обнови нормалниот проток на нафта низ регионот.

Одговарајќи на прашањето кога планот би можел да започне да се применува, тој објасни дека механизмот за осигурување е веќе подготвен, додека американската војска во моментов ги проценува безбедносните услови за евентуалните операции за придружба на бродовите.

„Кога станува збор за осигурувањето, подготвени сме и може веднаш да се спроведе“, рече Дафи.

Toj додава дека началникот на Здружениот генералштаб, генерал Ден Кејн, ја прави конечната проценка за тоа кога би можела да започне поморската придружба.

„Тоа може да се случи за еден ден, но и за една недела“, изјави министерот.

Сообраќајот низ Ормускиот теснец во голема мера беше запрен откако САД и Израел започнаа воздушни напади врз Иран на 28 февруари, по што Техеран значително го ограничи движењето на бродовите низ овој стратешки воден пат.

CATEGORIES
Share This